slika  
     
... ...
Информации за eduroam


Почетна
За eduroam
За МАРНет
eduroam.org


     
... ...
Информации за корисниците

Конфигурација на IdP/SP Упатсва за крајни корисници Контакти






Што претставува eduroam?

Сервисот eduroam овозможува роаминг низ безжичните мрежи на академските научно-истражувачки мрежи. Корисниците кои имаат пристап до својата домашна безжична мрежа, транспарентно и едноставно добиваат пристап и до мрежата на секоја друга институција - членка на eduroam. eduroam е најраспространет во Европа, но и азиско-пацифичкиот регион има своја eduroam конфедерација (APAN).

Eduroam map

Архитектурата на која се должи безбедноста во eduroam мрежата се базира на 802.1х стандардот за контрола на пристап во мрежата и на хиерархија од RADIUS сервери за пренос на барањата за автентификација на корисниците и соодветните одговори од домашната мрежа до „гостинската“ и обратно. Главниот принцип на безбедност во eduroam е тоа што корисниците се автентифицираат во својата домашна мрежа, а авторизацијата за користење на мрежните ресурси и различните сервиси се изведува во „гостинската“ мрежа.

ipv6 ready